Црешов ролат
Состојки
- За пандишпанот
- 5 јајца
- 5 лажици (100 гр.) шеќер
- 4 лажици (40 гр) какао
- 1 ванила
- за филот
- 250 мл. млеко
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- 2 жолчки
- 1 ванила
- 100 мл. слатка павлака
- малку рендана кора од лимон
- За црешовото полнење
- 500 гр. цреши
- 3 лажици кафен шеќер
- 100 мл. вишновка
- 2-3 зрна каранфилче
- 1 ванила
- 1/2 лажичка цимет
- За прелив
- 1 лажица густин и сирупот кој останува од варените цреши
Подготовка
Црешесто и вкусно...право изненадување на вкусовите...
Подготовка
Пандишпанот
- Со миксер добро уработете јајцата со шекерот и ванилата. Потребно да се утрои обемот. Внимателно додадете го пресејаното какаото, разбркајте со шпатула. Исипете го тестото во плекче 30х30 см. постелено со хартија за печење, ставете да се пече околу 8-10 мин.во предходно загреана рерна на 170 степени. Кога ќе се малку олади, замотајте го во ролат заедно со хартијата.
Сигурно забележавте дека нема брашно во состојки за пандишпанот, нека не ве буни тоа, овој пандишпан е без брашно.
Крем
- 200 мл. млеко ставете во касеролата да се загрева заедно со шеќерот. Во остатокот од млекото растворете го густинот, додадете ги жолчките и со миксер сматете. Кога проврие млекото тргнете за кратко настрана, додадете го густинот и жолчките, ванилата, вратете на повторно на огнот и нека се свари во густ крем. Оставете да олади.
- Сматете ја слатката павлака, додадете во оладениот крем, измиксајте со миксерот да се добие фина хомогена смеса. Додадете сега ренданата кора од лимон. Оставете го околу половина час во фрижидерот.
За црешовото полнење
- Исчистете ги црешите од семките, ставете во касеролата заедно со сите останати состојки и нека провријат околу 2-3 мин. Со решетка лажица извадете ги и оставете да се цедат и оладат. (внимавајте да не ги преварите црешите, тие треба да останат цели, само да сосема малку омекнат и да се ароматизират, доволно толку време)
За преливот
Добиениот сируп во кој се вареа црешите згуснете го со додавање на густинот, само кратко да проврие, тргнете го од огнот и нека се олади.
Завршниот дел
- Одмотајте ја кората, премачкајте со дел од филот, наредете ги исцедените и оладени цреши, замотајте повторно во ролат.
- Со дел од филот што останува премачкајте го одозгора ролатот, а можете целиот фил да го ставите во кората, а одозгора да го декорирате со сматена слатка павлака, тоа останува на вас. Како сакате така го декорирајте.
Сечете и послужете прелиен со преливот...
- Совет
Остатокот од 2 белки искористете за Заборавените слатки по рецептот на ЛилиН,