Испечати

Чорба од зелена боранија

Чорба од зелена боранија

Состојки

  • 600гр зелена боранија
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 пашканат
  • 1 црвена пиперка
  • 250гр суво месо (врат,плешка,ребра)
  • 2 лажици брашно
  • 10 лажици зејтин
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажица зачин
  • 1 лажица црвен пипер

Подготовка

Кромидот се сецка на поситни парчиња. Морковот се чисти и се сече исто на коцки - поситни. Месото се сече на парчиња, а исто и пашканатот.
Во сад на оган се ставаат исечканиот зеленчук и месото и се пржи-динста околу 10 минути на пониска температура. Одкако зеленчукот ќе пушти сок и ќе подомекне се додава и пиперката сецкана на поситни парчиња.
Боранијата се мие и се сече на парчиња.Се додава кон зеленчукот и се динста уште 10 минути, а потоа се налева со вода(околу 2л). Се покрива со капак и се остава да вари околу 30 минути додека зеленчукот се свари.
Одкако ќе се свари се зачинува, се додава и лукчето ситно исецкано и кимот.
Во малечко тавче се прави запршка од зејтин, брашно и црвен пипер и се налева врз чорбата која врие. Се остава да проврие уште 5 минути колку да се спојат зачините и се служи топла.
Оваа чорба може да се прави и со жолта боранија, путерка,  но кај нас најмногу се користи зелената боранија.