Бурек со готови кори
Состојки
- 500гр готови танки кори
- 125мл. масло
- 250мл. вода
- 300гр. сирење
Подготовка
Во тркалезно тавче број 30 се мачка масло целата внатрешност. Корите се отвораат се ставаат 2 кори сосема отворени и со рабовите нанадвор да висат.
За премазот водата да се зоврие во неа се додава маслото, се тутка секоја кора се мака во премазот, се редат така 3 кори по ред секоја со набор, после се става од сирењето дробено.
Најгоре се ставаат пак 2 кори ненатопени и се затвораат рабовите од оние 2 први кори навнатре кон средината на тавчето,се премачкува со масло и се печи на 200...30-тина минутки