Торта од сладолед
Состојки
- 1 кесичка сладолед од лешник
- 1 кесичка сладолед од ванила
- 400мл. ладно млеко
- 200гр. бисквити (зависно од садот)
- 1 шоља инстант кафе
- 20гр. чоколадо во прав
- 5-6 парчиња бисквити, рендано чоколадо, ореви
Подготовка
Сладоледот се спрема вообичаено по упатство, во оној дел од лешник се става чоколадото во прав, бисквитите се топат во инстант кафе и се реди ред од нив најдолу во погоден длабок сад-дно кое не лепи или ставете фолија за свежо.
Над бисквити се става по една кутлача лајца од ванила кремот и тоа почнувајќи од средината на садот, врз неа кутлача лајца од кремот-лешник, се истура цела содржина така наизменично држејќи се до средишниот дел од садот (како кај зебра кексот).
Нареден чекор е замрзнување, се сечи како парче торта. Декорација направив од бисквити, крупни струганки од чоколадо и оревчиња, се е по избор,слатко и ледено..