Испечати

Универзално тесто

Универзално тесто

Состојки

  • 650 гр. брашно
  • 250 гр. пресно млеко
  • 250 гр. кисело млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 10 гр. истант квасец или 25 гр. свеж
  • 1 лажичка со врв наполнета - сол
  • 1/2 лажичка шекер

Подготовка

Ова тесто може да стои 5-6 дена во фрижидер, можете од него да спремате пишии, тиганици, прленките, на тостер да го печете, како сакате во моментот да го спремите - така, лепињи одлични се прават...
Припремата му е сосема лесна.

Замесете тесто од сите состојки, ставете го во најлон кеса - оставете во фрижидерот. Секојдневно како ќе ви притреба така си го спремајте.
Јас досега од него спржив пишии, испеков на тостер, направив прленките, имам уште...ќе го потрошам..