Испечати

Вегетеријански ќофтиња од соја трошки

Вегетеријански ќофтиња од соја трошки

Состојки

  • 1 помала главица кромид
  • 200 гр. + по потреба брашно
  • сол,мешан зачин,бибер по вкус
  • 150гр соја трошки
  • 1 чешне лук
  • 1 морков
  • 1/2 страк праз
  • по вкус магдонос

Подготовка

Во тенџерче ставете вода да зоврие.
За тоа време исечкајте го зеленчукот ситно или изрендајте го, кришката леб потопете ја во млака вода или млеко и раздробете ја на ситни парчиња. Кога водата зоврила посолете ја. Додадете ги соините трошки, покријте со капак и оставете 10 мин. да набубрат. Исцедете ги и ставете ги назад во тенерчето или друг сад, додадете ги зеленчуците, поселете, побиберете и ставете ја кришката леб разроната на парчиња и пецивото.
Додадете 200 гр. брашно и почнете со рака да замесувате, ако треба додадете уште брашно по потреба. Смесата треба да се формира. Проверете неколку пати да направите топче со намрсени раце, ако треба додадете уште брашно.
Со намрсени раце правете топчиња, малку сплескајте ги, но не премногу. Редете ги на намрсена подлога. Од оваа смеса излегуваат 25 средни ќофтиња, може да ги правите во големина по желба.

Пржете ги во не многу загреано масло, не треба многу масло, само да ги опфаќа до половина. Пржете на среден оган. Кога заруменале од едната страна превртете од другата страна и пржете уште малку. Кога се готови извадете ги на кујнска салафетка да се исцедат од маснотијата.
Може да ги печете во загреана рерна на 200 степени 20 мин. или по потреба, но во тој случј ќе бидат малку по сувкасти и малку тврди.Служете ги како прилог на месо или риба.
Одлични се за посните трпези.