Испечати

Албондигас во сос од домати

Албондигас во сос од домати

Состојки

  • 500 гр. мешано мелено месо
  • 20 гр. пињоли
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 3 лажици презла
  • 2 лажици магдонос ситно сецкан
  • сол, бибер
  • За сосот
  • 3 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажички мајчина душица
  • 2 ловоров лист
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 конзерва цели домати
  • 1 лажиче инастант супа од зеленчук
  • сол, бибер
  • 1 чили (свежо или мелено)

Подготовка

Албондигас ен салса де томате се ќофтиња од мелено месо со сос од домати, кои во Шпанија се служат со бел леб.

За ќофтињата, ситно исецкајте ги пињолите. Во еден сад ставете го меленото месо, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Формирајте ќофтиња со големина на орев и пржете во врел зејтин.

За сосот, исецкајте го кромидот и лукот. Во една тава, ставете малку маслиново масло и ставете кромидот и лукот на тивко да се динстаат. Кога ке омекнат, ставете ја мајчината душица и динстајте така уште 2 минути. Додадете го шеќерот, промешајте кратко и ставете ги доматите претходно крупно исечкани. Оставете да зоврие па потоа посолете и побиберете, додадете ја инстант супата и чилито. Оставете така сосот да се динста околу 20 минути или додека да згусне.
Послужете топло. Добар апетит!