Торта од јагоди со кафеав путер
Состојки
- За кори
- 4 (63 - 73 гр) големи јајца
- 200 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 170 гр путер
- 100 мл млеко
- 1/2 лажица сок од лимон
- 135 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- За филување
- 900 гр јагоди
- 1 портокал само кора
- 50 гр шеќер
- 500 мл слатка павлака со 35% м.м.
- 30 гр шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- За украсување
- неколку свежи јагоди
Подготовка
Измијте ги и исчистете ги јагодите, ако се покрупни исечете ги на 1/2 или на 1/4. Ставете ги во еден погоден сад, додајте го шеќерот и кората од портокал, измешајте и оставете да отстои додека ги подготвувате корите. Повремено промешувајте, додека шеќерот не се стопи.
Во една чаша ставете го млекото, додајте го сокот од лимон или еднакво количесто јаболкова киселина, измешајте и оставете да стои на собна температура.
Во еден мал сад со жица измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Оставете на страна.
Во мало тенџерче, на среден оган, загревајте го путерот, повремено мешајки, додека млечниот талог не добие златно кафеава боја, некаде десетина минути. Оставете да се пролади.
На дното на округли калап за торта со пречник 24 цм ставете хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Ставете ги јајцата и двата вида шеќер во поголем сад за матење, па матете ги со жица на пареа додека не се растопи шеќерот, смесата не се загрее и не го зголеми волуменот, некаде 5-6 минути. Тргнете го садот од пареата и продолжете да матите со миксер на голема брзина додека не добиете густа светла пена, некаде 4 - 5 минути. Намалете ја сосем брзината на миксерот и во тенок млаз додавајте го путерот непрестано матејки. Ако видите дека смесата се раздвојува, матете кратко без да додавате путер. Додајте го брашното, наизменично со млекото и тоа така што ќе почнете и завршите со брашно. Значи, брашното во три наврати, млекото во два.
Истурете ја смесата во калапот за печење и печете во загреаната рерна 25 - 30 мин. Готово е кога рабовите малку ке се одделат од калапот, кората ќе добие убава златна боја и горната површина е цврсто еластична на допир.
Изладете 5 мин во калапот, па превртете ја кората на жица да се олади до крај.
Слатката павлака цврсто изматете ја со двата вида шеќер.
Изладената кора пресечете ја по хоризонтала на половина. Долната кора ставете ја на чинијата за послужување. Распоредете половина од јагодите, заедно со сокот кој го пуштиле. Украсно нашприцајте половина од слатката павлака. Ставете ја одозгора горната кора, повторно ставете јагоди и слатка павлака.
По желба украсете со свежи јагоди.
Чувајте ја тортата во фрижидер.
На сликата е торта испечена во округли калап со пречник 14 цм. Од наведените состоки испагаат две такви торти.