Испечати

Шеќерпаре со гриз

Шеќерпаре со гриз

Состојки

  • 300-350гр брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 150гр маргарин или путер
  • 1 пециво
  • 50гр гриз
  • 3 јајца
  • шербет
  • 500гр шеќер
  • 500мл вода
  • 1/2 лимон
  • 2 ванили

Подготовка

Брашното, гризот, пецивото и шеќерот се мешаат во подлабок сад.
Се прави вдлабнатина и во неа се кршат јајцата и маргаринот се сече на парчиња.
Се замесува тесто кое треба да биде мазно. Количината на брашно сами ќе ја одредите да не биде премеко да може да се работи.
Тестото се става околу 30 минути во фрижидер малку да се стегне.

На плех намрсен со маргарин се редат топчиња кои малку се сплеснуваат. Се редат на помало растојание и се печат околу 20 минути на 180 степени.

Водата се налева врз шеќерот и одкако ќе зоврие врие само 2 минути и се трга на страна. Во шербетот се цеди сок од лимонот и ванилите и се попаруваат колачите врели со врел шербет.
Ова се доста меки колачи и погодни за љубителите на парени колачи.