Пролетни ќофтиња
Состојки
- 1 тиквичка
- 3-4 млади- тазе компирчиња
- 2 јајца
- 3 лажици брашно
- 1 лажица зачин
- 1 лажичка црн бибер
- 2 лажици гриз
- 1 шака магдонос
Подготовка
Тиквичката се лупи и се ренда на покрупната страна од рендето. Се посолува и се остава околу 20 минути да испусти од сокот. Се цеди и кон неа се додаваат и младите компирчиња исто така рендани, јајцата, брашното и гризот. Смесата убаво се меша, се додава и магдоносот и со црпалка се пржат ќофтиња на поврел зејтин.
Одкако ќе се стават со црпалката лесно се притиснуваат да се оформи убаво ќофте и се пржат додека се зацрвенат.
Овие ќофтиња се погодни и за мезе, а и како добар прилог кон некое месо или риба.