Испечати

Аиоли

Аиоли

Состојки

  • 250 мл. зејтин
  • 1 јајце
  • 1 лажица балзамико оцет
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сенф
  • 1-2 чешниња лук

Подготовка

Аиоли или Алиоли е медитерански ладен крем (намаз или дип) кој се служи како предјадење со леб и маслинки или како додаток со други јадења, како на пример со месо, риба, зеленчук. Може да го користите и како дип со чипс, крекери и сл.

Состојките треба да се сите отприлика на иста температура. Во еден подлабок, висок сад, ставете ги сите состојки освен зејтинот и изматете ги со рачен блендер додека убаво да се соединат. Постепено, во тенок млаз додавајте го зејтинот (можете да го спремате и со маслиново масло, мене лично така ми е „тежок„ кремот). За цело време матете со блендерот. Ќе видите кога половина од зејтинот сте го ставиле во смесата, истата ќе почне да се згуснува. На крај, треба да добиете смеса густа како павлака.
Вкусен и сенаменски крем, кој е готов само за 5 минути.
Добар апетит!