Испечати

Кифлички „брзо и фино“

Кифлички „брзо и фино“

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 пак. прашак за пециво
  • 1 пак. сув квасец
  • 200 мл кисела павлака
  • 200 мл топло млеко
  • 100 мл масло
  • * за премачкување
  • 1 жолчка _2 лажици масло
  • за посипување - сусам или семки по желба

Подготовка

По мене, дефинитивно најмеките и едни од највкусните кифлички што ги имам пробано до сега... Рецептот со име е Брзо и фино е од еден омот на кисела павлака и од срце ви ги препорачувам!
Освен што брзо се прават, многу се вкусни и меки, а такви остануваат и другиот ден, правени од вечер, за среќа останаа и за следниот ден, но не и за повеќе. Доста беа фалби, да се фатиме за работа...

Измешајте го брашото со солта и прашокот за пециво.
Додадете ја киселата павлака и маслото и промешајте.
На страна во помал сад измешајте ги квасецот и шеќерот во топлото млеко и оставете 10на мин да запени, па додадете го во садот со брашното и замесете глатко тесто.
Тестото веднаш префрлете го на работната маса, поделете го на 4 дела.
Секој дел расучете го во кора, пресечете го накрсно на 4 или 8 триаголници и виткајте кифлички.
Еден дел оставив празни и ги направив помали, во друг дел ставив по едно парче салама и кашкавал, а едни ги полнев со лажичка Нутела. Нам најфаворитни ни беа овие последните, а вие пробајте си со фил каков милувате, или едноставно оставете ги празни, но немојте после да се покаете што не сте направиле дупла доза )))
Кифличките наредете ги во подмачкан плех, оставете ги 10 до 15 мин, за кое време ќе почекате да се загрее и рерната на 180 Ц. Потоа, премачкајте го со разматената жолчка со масло, посипете ги со сусам и печете некои 15-20 мин.
Почекајте малку да подоладат и... навалете!