Испечати

Наопачка гибаница

Наопачка гибаница

Состојки

  • 500 гр. кори за гибаница
  • 80 гр. брашно
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка сода бикарбона (рамно наполнета)
  • 250 гр. рендано сирење или урда
  • 100 гр. кајмак
  • 600 мл. кисело млеко
  • 5 јајца
  • 100 мл. зејтин

Подготовка

Ана е виновна сега за овој рецепт што го поставувам со не толку добри слики, не било важно вели таа... Поздрав Ана и еве ја гибаницата наопачка и тоа
Сега вака
- Најпрвин вклучете ја рерната на 200 степени да се грее додека вие ја спремате оваа гибаница
- Во ванглата измешајте ги брашното, солта и содата.
- Сирењето и кајмакот заедно изгмечете ги и додајте во брашното- измешајте.
- Додајте киселото млеко и со лажица или жица за матење измешајте додека не се спои со предходните состојки - додека не се разреди.
- Додадете ги јајцата и зејтинот и повторно размешајте ја целата смеса.
- Исечете ги корите или искинете ги на парчиња. Истите треба да ги одвоите, па да ги згужвате, па дел по дел ставајте во садот каде што веќе смесата е приготвена. Не ги ставајте исцепканите кори одеднаш, кој дел како ќе го ставате мора да добро измешате за да се навлажнат од филот. Така дел по дел и измеѓу тоа добро да ги измешате, се така додека не завршите со корите. Мора сите кори кои ќе ги ставите да бидат навлажнети од јајчената смеса.
- Кога сите кори веќе сте ги добро измешале, оставете нека одстои околу 5 мин. па излијте ја во чингов неподмачкан плех димензии 25х35см. Ставете да се пече во предходно загреаната рерна на 200 степени околу 40 мин. или додека горната површина не добие баш онаа златеста боја.
- Додека се пече гибаницата ви спремете 4 филџани или нешто друго затоа што кога ќе ја извадите печената гибаница мора да ја превртите и да на сите 4 коша да се потпира на нешто. Нека стои така околу 20 мин.
- Гибаницата е вкусна, а не спаднала бидејки сме ја завртиле наглавачки.

Совет
- Вртењето на гибаницата да стои наопачки треба веднаш да го направите за да не ви спласне, затоа велам додека се печи вие поставете ги филџаните или предметот на која што ќе го поставите плекчето со гибаницата.
- Забележавте дека исклучиво треба да е плекчето од чинг и неподмачкано затоа што кога ќе ја превртиме да стои наопачки таа не се одлепува. Кога ке ја сечете со првото парче можеби ќе имате проблем за да го извадите, но натаму веќе е лесно.
- Начинот што ја вртам наопачки допринесува да таа не спласне и внатре си остане ваздушеста.
- доколку немате кајмак, не тревожете се, заменете го со тоа што ке додадете плус 100 гр,. сирење или урда.
Ако нешто е е јасно, прашајте, тука сум и ќе ви помогнам.
- Ова што го гледате наопаку свртено тавчето е сега сликано колку да ви покажам како изгледа тоа....не потекнува од рецептот бидејки таа слика некако сум ја избришала..