Сарајлиња
Состојки
- 1 квасец
- 1/2 вода млака
- 200 гр млеко
- 200 мл зејтин
- 3 мали лажичиња сол
- 3 мали лажичиња шеќер
- 1200 гр брашно (Во рецептот стои брашно по потреба, но јас измерив дека е потребно околу 1200 гр.)
- 125 гр маргарин коцка
- Фил
- по желба сирење
Подготовка
На намрсена подлога, замесуваме средно тесто од горе наведените состојки.
Убаво го обработуваме тестото и делиме на 16 топчиња.
Не оставаме да се дуплира тестото, туку веднаш започнуваме со негова обработка.
Веднаш се расукуваат топчињата во мала коричка.
Се премачкуваат со стопен маргарин.
Јас како што пишав погоре, по свој вкус додадов сиренце, иако тоа не беше пишано во рецептот.
Значи оставам на вас кој што сака да си ги филува сарајлињата.
Откако сме исфилувале, ја виткаме коричката како полжавче и ја редиме во намрсена тава.
Постапката ја повторуваме на секое топченце.
Така готовите сарајлиња, ги оставаме да стасаат околу 20 минути и потоа ги печеме во рерна.
Готови се кога ќе ја сменат бојата и ќе поруменат.
Миризбата мами, па затоа верувам дека нема да дочекате да се изладат ***
На здравје