Испечати

Гнезда од печено мелено месо

Гнезда од печено мелено месо

Состојки

  • се што е потребно...
  • 500гр. мелено месо
  • 1 главица рендан кромид
  • 2-3 парченца лукче
  • 2 лајци презла, на врв на лајче печиво, зачини по вкус
  • за полнеж...
  • 1 јајце
  • 1 лајца гриз
  • 100гр. кисела павлака
  • 100-тина гр. бело сирење-рендано

Подготовка

Од меленото месо, кромидот рендан, лукот, презлата, печивото, зачините се меси смеса од која се образуваат топки како за ќофте само во средината треба да се направи вдлабнатинка.
Се ставаат да се печат на 180 во рерна над хартија за печење и малку масло премачкани.
Во меѓувреме се припрема полнежот за кој јајцето треба да се измати со маталка, се додава се' останато
Топли печените ќофтиња се полнат со смесата и се враќаат да се подзапечат уште малку, се конзумираат со разноврсна храна по избор.