Испечати

Капкејкс со јагоди и ганаш од бело чоколадо

Капкејкс со јагоди и ганаш од бело чоколадо

Состојки

  • Капкејкс
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 15 лажици брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 12 големи јагоди или 24 помали
  • Ганаш
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • И уште...
  • по желба јагоди за декорирање
  • 12 корпички за мафини, но не мора

Подготовка

Прво подгответе го ганашот, за да се олади додека се прават колачињата.
Чоколадото искршете го на парчиња и ставете го во еден сад. Слатката павлака ставете ја во тенџерче и доведете ја речиси до состојба на вриење. Тогаш прелијте ја преку чоколадото и оставете неколку минути да се стопи, па промешајте. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади.

За подготовка на колачињата
Белките изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па кога ќе добиете цврст снег ставете ги една по една жолчките. Додадете ги маслото и јогуртот. На крај во два наврати додадете го брашното измешано со прашокот за печиво и добро измешајте. Со смесата наполнете ги до половина корпичките или калапите за мафини, ставете по една или две јагоди, па ставете уште по една лажица од смесата врз јагодите.
Се печат на 180 степени, во претходно загреана рерна, околу 25 минути.
Излегуваат 12 мафини.
На изладените колачиња ставете од ганашот и украсете со парчиња или цели јагоди.

Пријатен апетит!

Напомена
Јас експериментирав со павлаката (наместо слатка, користев павлака за готвење - сакав да видам дали е ист резлултатот) и затоа малку ми е потечен ганашот. Подеднакво е вкусно и вака.
Колачињата не се многу благи, но во комбинација со чоколадото се совршени. Ако ги правите само нив, со овошје, а без прелив, ви препорачувам да ставите повеќе шеќер. Ако ставате мармалад (може и така), тогаш е доволно количеството шеќер наведено во рецептот.