Испечати

Штрудла со јаболка

Штрудла со јаболка

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 1кг јаболка( покисели)
  • 2лажици шеќер
  • 1лажичка цимет
  • 150мл зејтин
  • 100мл кисела вода
  • 50гр шеќер во прав

Подготовка

Јаболката се лупат и се рендаат на покрупната страна од рендето. Се додава шеќерот и циметот и убаво се меша.
Се реди првата кора и се премачкува со зејтин. Над неа се става втора кора која исто се премачкува со зејтин и се покрива со третата кора. На третата кора по ивицата се става околу 4 лажици од јаболката и се рола - се витка во ролат. Истото се прави и со останатиот дел од корите.
Ролатите се редат во подмачкан плех, се сечат на парчиња по желба и се попрскуваат со преостанатиот зејтин измешан со киселата вода.
Се пече на 200степени околу 20-25 минути.
Од како ќе се подолади се наросува со шеќер во прав и се служи.