Испечати

Шарена бајадера

Шарена бајадера

Состојки

  • За основата
  • 400 мл. шеќер
  • 200 мл. вода
  • 400 гр. мелени ореви + 200 гр,. кухинска чоколада
  • 300 гр. мелени бискоти
  • 100 гр. кокос
  • 100 гр. суво грозје
  • 2 лажици рум
  • за прелив
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 200 гр. ореви
  • 200 гр. желе бомбони
  • 20 гр. желатин
  • 100 мл. вода

Подготовка

Ова друга варијанте на бајадера, но не е стабилизација, баш и малку поскап колач кој што не се пече. Совет мој е да има шареноликот на тацната... не е мал колачот, па слободно направете преполовувајки ги состојките

Основата
Се зоврива шеќерот со водата, се трга настрана и се става во него да се става чоколадата да се стопи, се преливаат останатите состојки, се брка за да се истите спојат.
Во модлата исипете ја смесата, добро налегнете ја и израмнете.
Прелив
- Шеќерот во прав, сецканите ореви и желе бомбони измешајте ги и залијте со стопениот желатин во 100 мл. топла вода. Измешајте повторно и налијте врз колачот.
- доколку саакте нашарајте со глазура или слободно го оставете таков каков што е.
- Оставете да се стегни, сечете.

Забелешка
Вкусен колач, шаренолик, но пак ке повторам, половина од состојките спремете ако ви се потреби повеке врсти на колачи и овој колач да им прави друштво, а ако ви е потребен само еден колач- тогаш цела доза спремете.
- Модлата во која ќе го спремате зависи од вашата желба колку сакате да биде висок самиот колач.