Кавурма
Состојки
- 800 гр месо
- 300 гр. свежи печурки
- 3 глави кромид
- 1 зелена пиперка
- 3-4 моркова
- 1 црвен патлиџан
- 100 мл. зејтин
- 4 јајца
- зачини мешан сув зачин, бибер, чубрика, буковец (кој сака луто)
Подготовка
Овде го поставувам оригинал рецептот, а јас најчесто ја спремам кога ќе ми остане печено или динстано месо од предходен ден, без разлика која врста е, може и мешано месото да биди.
Постапка
- Ставете зејтинот во тавче и месото со малку сол да се динста, кога ќе омекне извадете го и ставете во друг сад, поклопете да се задржи топлината. Во истиот зејтин ставете исечениот морков исечен на коцки, кромидот исечен на кругови и пиперката исечена на ленти. Целото ова заедно динстајте го околу десетина минути односно додека истите омекнат, па им се додаваат сега свежите печурки. Додадете и зачинките. Динстајте повторно се заедно околу 5 мин. па сега вратете го месото во тавчето, измешајте, додадете го црвениот патлиџан. Измешајте. продолжете на тивок оган да го целото ова заедно динстате додека добиете густ сос.
- Вака веќе е добиена кавурмата.
- Кавурмата поделете ја на порции и ставајте во мали ѓувечиња, скршете по едно јајце одозгора, поклопете, ставете во рерна која предходно сте ја вклучиле, нека се подпечува додека јајцето се вцврсти.
- При служењето кој сака луто посипете врз јајцето лута црвена сол (буковец)
Совет
- Како што кажав погоре, ова е рецептот за кавурмата. Јас најчесто ја правам од месо што ми останало од предходниот ден, било да е печено, варено, динстано или на скара. Тоа е што се однесува до месото. Може мешавина од месо, може свинско, телешко, пилешко... Останатите состојки само кратко ги пропржувам, го додавам месото и спремам во ѓувечињата, ставам по едно јајце и подпекувам во рерната.
Затоа јас си ја нарекувам стабилазиција кавурма, да не се фрли месото, може вака да се спреми и повеке од сигурна сум дека ќе ви се допадне. Паметно користење на остаток од месо.
- Наместо свеж патлиџан, во зимата може да се користи од конзерва.