Испечати

Сируп од вишни (без варење)

Сируп од вишни (без варење)

Состојки

  • 1 кгр. вишни
  • 750 гр. шеќер
  • 3 лажици вински оцет

Подготовка

Веке се ближи сезоната на вишните, па нека го има овој рецепт можеби некој ќе сака и вака да спреми сируп од вишни без варење. Чист сок
- Исчистете ги вишните од семките, додајте шеќерот, оцетот и измешајте, повремено промешувајте го шеќерот да се стопи.
- Наредниот ден кога веке шеќерот е стопен, процедете и соберете во флаши.
- Ова е чист сок од вишни, потребно е мала количина за да го растворите со вода и да го пиете.
Остатокот од вишните соберете во замрзнувач - ќе се најдат за некој колач или пак сварете ги џем.
- Сирупот обожавам да го собирам во мали флаши.