Паша ќофте
Состојки
- потребни продукти...
- 400-500гр. јунешко мелено месо
- 1 мало филџанче ориз
- 1 главица кромид рендан
- 1 голем морков,пашканат
- 3-4 парченца лук, мешан зачин, црн пипер, корен од магдонос и лисја од магдонос
- 4 лајци брашно, масло, литар и пол вода
Подготовка
Меленото се спрема со кромид, мешан сув зачин, црн пипер и зачини кои ги употребувате вообичаено, се додава оризот претходно измиен и цеден, се меси смесата, се обликуваат топчиња (од прилика колку орев големки) се пропржува на врело масло.
Се додава морковот да запржи, брашното да пропржи т.е. само да ја промени малку бојата, се тура водата, се додава пашканатот, корен и врзоп магдонос, малку сечкано лукче, црн пипер, мешан сув зачин по вкус, малку ловоров лист и се остава на тивко да се крчка се додека не се свари оризот во топчињата (околу пола саат од прилика). После се вади од чорбата коренот од магдонос заедно сосе листовите магдонос (посебна арома добива од нив).
Се конзумира топла со лимонче