Испечати

Делимано гурабии

Делимано гурабии

Состојки

  • 2 маргарина
  • 2 мали филџани зејтин (од најмалите за кафе - 100мл)
  • 8 лажици шеќер во прав
  • 200гр. сецкани ореви (лешници, бадеми)
  • 3-4 лажици рум (узо, бренди, ликер по желба)
  • 1 кг. брашно

Подготовка

Да ги сефтосам модличките и да ве почестам со нешто благо. Прв пат правам гураби, најчесто си правам ванилици по овој рецепт. Ви го пишав цел рецепт,.но секогаш правам половина доза затоа што многу излегуваат. Вкусот е многу варијабилен во зависност дали ќе ставите ореви, лешници, бадеми и дали ќе биде со рум или некој друг вид алкохол. Моите денешни се со рум и ореви и како плус состојка додадов и кора од портокал.
1. Во поголем сад ставете ги сите состојки освен маргаринот. Маргаринот треба да биде ладен од фрижидер, исецкајте на коцки и додадете во садот. Месете со раце додека добиете убаво компактно тесто (ќе ви треба време особено ако ја правите цела доза).
2. Од тестото со помош на сукало развлечете кора со дебелина до 1цм (за гурабии) и нешто малку потенка ако правите ванилици. Со модличките вадете форми, наредете ги во плехче и ставете да се печат. Рерната да биде претходно загреана на 180С, треба да ви останат бели па така ќе си ги проверувате од време на време.
3. Извадете, оставете да се оладат и извалкајте ги во шеќер во прав. Ако правите ванилици, лепете по 2 со мармалад по желба.
Најубави се по неколку дена (ако останат)
Добар апетит.