Испечати

Чоколадни мафини

Чоколадни мафини

Состојки

  • 5 јајца
  • 300 гр. маргарин
  • 300 гр. шеќер
  • 350 гр. брашно
  • 100гр. чоколада
  • 200 гр. сецкани ореви
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лаж. рум
  • 5 лаж. црн крем
  • 3 лаж. бел крем

Подготовка

Во сад за матење се ставаат јајцата и се матат заедно со шеќерот. Во нив се додава претходно растопен маргарин. На крај се додаваат румот и брашното измешано со прашокот за пециво и се додаваат и оревите.
Во калапите за мафини се става до половина од смесата и потоа се става по една коцка чоколада и одогора се става пак од смесата.
Мафините се печат на 200 степени околу 20 мин.
Потоа кога ќе бидат оладени се брцнуваат во растопен црн крем, во кој што се додава малку зејтин за да биде по течно.
Одозгора се декорираат со растопен бел крем.
од оваа смеса излегуваат околу 35 мафини како што е големината на сликата подолу.