Капама
Состојки
- 1 кг јагнешко месо со коска, од врат или плешка
- 500 гр исчистен спанаќ, само ливчиња, без дршки
- 1 врзоп млад кромид
- 4 чешнина лук
- 1 мало филџанче ориз
- 8 лажици масло
- 1 коцка за телешка супа
- 1/2 лажичка црвен пипер
- по вкус сол, бибер
Подготовка
Ова е едно од најубавите пролетни јадења, ама е сосем нефотогенично, па се размислував дали да го напишам рецептот по кој јас го правам. Сепак, еве....
Во едно тенџере ставете го месото, додајте вода колку да го покрие и варете го на среден оган додека месото не почне да пага од коските. Извадете го месото на страна.
Спанаќот добро измијте го во неколку води.
Младиот кромид исечете го на кругови, заедно со еден дел од зелените перца. Лукот протиснете го.
Во керамичка тава ставете ги лисјата спанаќ. Додајте го оризот, сол, бибер, црвениот пипер и изронетата коцка за супа. Прелејте со неколку лажици од врелата вода во која се вареше месото за да завени спанаќот, па измешајте. Одозгора распоредете го месото.
На среден оган на маслото запржете ги кромидот и лукот па прелејте преку содржината во тавата.
Печете во загреана рерна на 180 - 190 Ц со повремено промешување, некаде околу 2 часа додека течноста скоро сосем не се редуцира, а содржината на тавата не стане мека, да се топи во уста. При крајот не мешајте, за да се фати коричка по површината.
Послужете со кисело млеко.