Зељаница
Состојки
- 3 чаши од 200 мл. бело брашно
- 1 чаша од 200 мл. пченкарно брашно
- 150 мл. масло
- 200 гр. сирење
- 400 гр. исчистен спанаќ или коприви
- 3 јајца
- 400мл. јогурт
- 1 пециво
- по вкус сол
Подготовка
Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрее.
Јајцата матете ги како за торта со миксер додека запенат.
Додадете го маслото и јогуртот мешајте на послаба брзина,.
Додајте ги брашаната, сирењето, сол, пецивото.
Измешајте со лопатка да се соедни.
Додајте го претходно кратко обарениот спанаќ, може да користите и коприви, исечкани на должина која ви одговара.
Смесата ставете ја во намрсен плех и побрашнет.
Плехот прилагодете го по желба, имајте во предвид дека нараснува во текот на печењето.
Печете на 200 степени додека зарумени или проверете со чепкалка кога е готова извдаете ја и покријте ја со крпа. Оставете ја да се олади.
Сечете парчиња по желба, служете со јогурт и сирење. Ч)