Крофни со фил
Состојки
- потребни состојки за тестото
- 1чаша(250 гр) млеко
- 1 јајце
- 2 лаж маргарин
- 1 лаж шеќер
- нотка сол
- 20 гр квасец
- 1 лаж ракија
- по потреба брашно(околу 500-600гр)
- за кремот
- 1 чаша(250гр) млеко
- 1 јајце
- 1 пудинг од ванила
- пола чаша шеќер
- 60 гр бело чоколадо
Подготовка
Во длабок сад сипете го млекото и додадете квасец, сол, маргарин, ракија и измешајте.
Постепено додавајте брашно и месете го тестото. Готовото тесто покријте со кујнска крпа и оставете да стаса.
Го подготвуваме кремот.
3/4 од млекото заедно со шеќерот ставаме да зоврие. Во остатокот од млекото го додаваме јајцето и пудинкот месаме заедно да се соедини смесата и додаваме во топлото млеко матиме да се згусти пудингот. Во топло ја додаваме чоколадата месаме да се растопи и оставаме да олади. Од готовото тесто формираме мали топчиња малку помали од јајце. Малку развлечете ги со сукало во средината ставете едно лажиче од филот и затварајте ги страните измазнувајки го саставот. Редете ги со преклопот надолу почекајте 2минути и загрејте го маслото во врелото масло пржете ги крофните оладени посолете со прав шеќер.