Испечати

Крцкави парчиња со сирење

Крцкави парчиња со сирење

Состојки

  • 500 гр. готови кори за пита
  • 300 гр. сирење
  • 100 мл. масло
  • 150 мл. газирана вода
  • 1 јајце
  • сусам за посипување

Подготовка

Корите се делат по 3-4 кори.
Во садче се разронува сирењето.
Во помали садчиња се ставаат маслото и газираната вода,и разматеното јајце во друго.
Рерната се уклучува да се загре на 200 степени.
На плехот од рерната се става хартија за печење или само се намрсува.

Се става една кора на работната маса и се попрскува со малку масло и кисела вода,се става и втората и таа се попрскува,се става третата таа се премаччкува само со јајце,се става дел од филот на едната страна.
Се завиткува ролат од пократката страна.
Се сечат парчиња со дебелина од два прста, се стават на плехот налегнати надолу.
На ист начин се подготуваат и останатите.со остнатато јајце може да ги премачкате уште еднуш одозгора, нпосипете ги со сусам и ставете ги да се печат додека поруменат, околу 20 мин.
Кога се готови извадете ги и покријте ги со чиста крпа и оставете ги да се оладат.
Ако не сакате да се многу крцкави може малку да ги посипите со вода кога ќе ги извадите од рерна.