Крокети од домашно пире
Состојки
- преостанато пире
- 1 јајце
- 1 рака магдонос
- по потреба брашно
- по вкус сол и црн бибер
Подготовка
Пирето, знаеме сите, веќе наредениот ден, не е тоа тоа!
Лесен начин како да го трансформирате во нешто вкусно.
Домашното пире нека биде според ваш рецепт!
Значи на пирето кое ви преостанало, независно колкава количина е, му го додавате јајцето, ситно сецканиот магдонос, сол и црн бибер и убаво измешајте.
Постепено додавајте брашно се дури да добиете меко, лепливо тесто кое кога ќе го обликувате нема да ја губи формата. Месете со рака, така полесно ќе процените.
Крокетите обликувајте ги по ваша желба, но со влажни раце.
Јас ставам еден сад, со сосема малку вода, до мене и ја натопувам раката кога мислам дека има потреба. На овој начин тестото нема да ви се лепи по рацете, а и полесно ќе ги одвоите крокетите од површината каде што сте ги наредиле.
Во тава за пржење налејте масло колку да ги опфаќа крокетите до половина. Загрејте го маслото убаво и може да започнете со пржење на појак оган. Јас не ги превртувам се дури не се вцрват убаво.
Така ем помалку ќе ги превртувате,ем нема да се растураат.
Не се плашете ако ви изгледаат потемно пржени, бидејќи смесата е влажна, мора така, за да не останат од внатре живи.
Може да ги послужите како со јогурт, така и со пиво, подеднкаво одговаараат.
На сликите се сервирани со ѕаѕики.
Со готово пире не сум правела, сигурно би можело.
Пријатно!