Крцкави компирчиња
Состојки
- потребни ви се..
- 1кг. лупени големи компири
- 6-7 лајци палента
- 3-4 лајци брашно, вмешан сув зачин, црн пипер, масло за пржење, кеса најлонска
- прилог
- 200гр. сирење на коцки, брокула бланширана, лукче
Подготовка
Во кеса за замрзнувач од 3л. се става измешана палентата со брашно, мешан сув зачин, црн пипер, лупени и сечени по должина компирчињата. Се ставаат дел по дел да се извалкаат во смесата, се пржат во врело масло, се цедат од маснотијата на хартија.
Често ги приготвувам во прилог со брокула да го ублажам ефектот на пржените компири, а тоа сиренцето е неизбежно кај нас..