Ризото со аспарагус и ракчиња
Состојки
- 1 чаша од 250 мл ориз
- 250 гр ракчиња
- 250 гр аспарагус
- 1/2 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 мал филџан(70мл) бело вино
- 1 лажиче мешан сув зачин
- по потреба маслиново масло, сол и бибер
- 3 чаши вода
- 1 лажица насецкан магдонос
Подготовка
Парчињата аспарагус измиете ги и со ноже за лупење компири излупете го долниот дел отприлика до половина. Потоа исечете ги на парчина околу 1 цм.
Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги во тава со маслиново масло колку да омекнат. Додајте го оризот, ракчињата, парчината аспарагус и се заедно малку испржете ги.
Додајте го виното, водата, зачинот и сол по вкус. Оставете го да вари на среден оган додека водата испари и оризот биде сварен. При крајот додајте го исецканиот магдонос и бибер по вкус.
Послужете го топло со салата и чаша бело вино.