Испечати

Ќофтиња со гриз

Ќофтиња со гриз

Состојки

  • 300 гр мелено месо
  • 1 главица ситно сецкан (или рендан) кромид
  • 3 лажци гриз
  • 2 лажици брашно
  • 200 мл вода
  • 4 јајца
  • 1 прашак за пециво
  • ситно сецкан магдонос
  • сол, црн бибер, мешан сув зачин и др. зачини по желба

Подготовка

Од наведените состојки се меша компактна смеса.
Смесата се остава во фрижидер да стои 2 часа.
Потоа, со влажни раце или со лажиче се оформуваат ќофитња, кои се пржат во загреано масло.
Испржените ќофтиња се одложуваат врз хартиена салвета да се впие мрснотијата. Кога сме кај тоа, ќофтињата и не впиваат многу мрснотија.
Можи да ручкате од нив со некој прилог или пак можи да ги направите за пречек на гости како мини залачиња во склоп на некој богато спремен ордевер.