Солена месна торта
Состојки
- 1кг пилешки стек саламурен
- 500гр кашкавал
- 500гр шунка
- 200гр печурки
- 1кг свинско саламурено (врат, царско месо, плешка)
- 1 лажица црн бибер
- 100мл зејтин
- 100мл вода
Подготовка
Пилешкиот стек се сече и се чука, но не многу тенко некаде околу5-6 мм. Исто се постапува и со свинското месо.
Печурките се сечат на тенки листиња и убаво се цедат од течноста.
Кашкавалот се сече на тенки кришки.
Во ростер или помало плехче (зависно колку сакате да е висока тортата) најпрво се става една лажица маргарин и се почнува со редење. Најдоле се става еден ред од свинското месо, па се поросува со бибер. Над него се става пилешки стек, ред печурки, пак ред кашкавал. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се завршува со кашкавал. Се полева со зејтинот и водата.
Тавчето се става во рерна да се пече околу 30 минути на 200степени.
На почетокот се покрива со фолија околу 15 минути и 15 минути без фолија.
Од како ќе се испече се става да се излади и ладно се сече по желба.
Ова е многу декоративна и вкусна месна торта погодна за секаков вид забави и прослави.
Зачините се изоставени затоа што месото е саламурено.