Испечати

Торта со колачи

Торта со колачи

Состојки

  • пандишпан
  • 5 јајца
  • 2 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно ( малку зејтин и брашно за подмачкување на плекчето)
  • 1/2 лажичка какао
  • 2 лажички капучино
  • фил
  • 3 жолчки и 105 грама шеќер ( 1 пакетче ванилин шеќер)
  • 3 лажици млеко
  • 135 грама маргарин
  • 320 грама кружни колачи со отвор ( 32 ) чајни
  • 90 грама бело чоколадо за готвење
  • за декорација
  • 250 мл слатка павлака
  • 3 лажици шеќер
  • околу 100 грама лешници

Подготовка

Јајцата ги матиме со шеќерот добро да се згусти смесата. Го додаваме брашното, малку уработуваме со миксерот на послаба јачина, а потоа со бркалка за да не останат грутчиња од брашното.
Земаме мал дел од смесата во длабока тацна и го додаваме капучиното и какаото и добро промешуваме. Смесата за пандишпанот ја истураме во претходно подмачкано со зејтин и побрашнето плекче број 28. Одозгора ја истураме смесата од тацната насекаде во плекчето.
Пандишпанот го печеме во претходно загреана рерна на околу 180 степени времето на печење зависно од јачината на рерната. Проверувајте со чепкалка, кога не се лепи од смесата по неа кората е испечена. Кога е испечен пандишпанот го оставаме да истине и го сечеме хоризонтално на пола.

Додека се пече кората го спремаме филот.
Жолчките со шеќерот и млекото ги ставаме во сад за матење. Во тенџере ставаме вода да зоврие врз пареата го ставаме садот со жолчките. Мешаме со рачна мешалка постојано додека се згусти кремот. Го додаваме во филот претходно стопеното чоколадо и мешаме. Маргаринот го уработуваме со миксер, го додаваме во филот и промешуваме додека добиеме хомогена смеса.
Слатката павлака со шеќерот ја матиме добро да се згусти и ја оставаме во фрижидер. Со филот го филуваме првиот дел од кората. Врз филот ги редиме колачите ( 19 за првиот ред) кои претходно ги натопуваме неколку секунди во млеко малку да омекнат. Распоредуваме дел од лешниците насекаде по филот, го додаваме другиот дел од пандишпанот. Одозгора тортата ја филуваме со слатката павлака, ги редиме колачите ( 13 ) и лешниците.
Декорираме по вкус. Тортата ја ставаме да одстои малку во фрижидер. Идејата за оваа тортичка ја добив барајки нешто блачко по дома, а со ќерка ми многу сакаме десерти, а кога фаќа криза за слатки нешта мора нешто да се направи. Ви посакувам убаво засладување.