Испечати

Крчкан зеленчук во фолија

Крчкан зеленчук во фолија

Состојки

  • 2 парчиња фолија за печење.(Големината на фолијата е во зависност од тавчето во кое ќе печете)
  • 1 парче тиквица
  • 5 средни моркови
  • 2 пиперки
  • 2 домати
  • 3 поголеми компири
  • 2 главици кромид
  • 2-3 гранчиња магдонос
  • 1 ловоров лист
  • 2 лажици мешан зачин и црн бибер по вкус
  • 100 гр масло
  • 250 гр. вода во која сме додале 2 големи лажици брашно

Подготовка

На даска за сечкање, ги сецкаме зеленчуците на ситни коцки.
Го пропржуваме кромидчето на загреано масло и ги додаваме останатите зеленчуци да се пропржат, многу малку.

Зачинуваме со мешан зачин.
Го додаваме биберчето и ловоровиот лист.
Смесата е спремна за печење.

На страна во тавчето ја распостиламе фолијата и хоризонтално и вертикално по едно парче, за да можеме кога ќе ја ставиме смесата да не ни истечат состојките.
Полека ја ставаме смесата која ја пропживме на страна и завиткуваме со фолијата, формирајќи длабока чинија.
Потоа додаваме вода во која претходно сме разматиле брашно.
Ја затвараме убаво фолијата.
Јас во мојот случај си поиграв со фолијата,  па ја спремив како шатка.
Вака подготвената смеса ја ставаме да се пече на тивок оган околу 4о минути.
(Во зависност од тоа колку ви пече рерната )

Кај мене на 150 степени околу 40 минутки беше совршено добро испечено, без да се пасираат зеленчуците.
Откако се испече, само отворете го горниот дел на фолијата и служете.
Кој е по зеленчукот нека проба ***
На здравје....