Испечати

Сендвич шпагети

Сендвич шпагети

Состојки

  • 1/2 паковање шпагети
  • за фил
  • 300гр мелено месо
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 пиперка
  • 1 домат
  • малку/околу 100мл/ масло
  • по вкус сол и зацини /бибер,оригано и вегета/
  • 1 јајце
  • за сврзување на шпагетите
  • 3 јајца
  • 150-200 мл кисела павлака
  • за декорација
  • 6-8 варени моркви со средна големина

Подготовка

Шпгетите ставетеги да се варат во вода со малку сол о масло.
Нека бидат полу варени.

На тивок оган запржете го насецканиот на ситно кромид со лукчето, ситно сецканата пиперка и доматот. Зачинете со сол и зачини по вкус, па додајте го месото. Пржете се додека испари течноста што ќе ја пушти месото. Тргнете го настрана да се излади, па додајте го јајцето и измешајте.
Долгнавестиот калап / калап за печење леб-векна/, обложете го со хартија за печење/ за да не ви се залепи на калапот морковот/ и со четче малку намрсете ја хартијата.
Претходно сварениот морков насечетего на ленти по должина и наредете го калапот, така сто целиот калап и дното и страните да се покриени со морков.
Полуварените шпагети исцедете ги од водата. Павлаката и јајцата изматет ги. Половина од шпагетите турете ги над морковот во капалот - израмнете со лажица, па прелијте ги со половина од смесата со јајца и павлака. Од горе додајте го меленото месо, а потоа остатокот од шпагетите кои што ќе ги прелиете со останатата половина од павлаката со јајца. Попрскајте со малку масло, па внимателни промешајте ги шпагетите како би се распоредила павлаката со јајцето.

Рерната загрејте ја на 200-220 степени, па печете ги шпагетите се додека не се добие златно жолта коричка на површината / тое е отприлика околу 20-30 мин. /
Печените шпагети извадете ги од рерна и оставете ги да се малку изладат .
На плитка долгунеста чинија превртете го калапот. Го добивте пецениот сендвич од шпагети.  Ако сакате можете да го декорирате со магдонос и ружички од домат по страните или ако го сервирате како порција - може да се декорира со топки кисела павлака или парче сирење со малку магдонос и ружичка од домат...