Слатка попара
Состојки
- 6 парчиња леб
- 2 лажици стопен маргарин
- 4 јајца
- 3/4 чаша шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1 ванилин шеќер или лажица екстрат од ванила
- 2 чаши млеко
Подготовка
Доколку имате бајат леб, тост леб, слатка погача, козунак, кроасани... заостанале некако, можете да си направите слатка попара и со тоа паметно искористени и ова е чистач рецепт. Овој запис е оригинален, а трпи многу промени.
Најпрвин вклучете ја рерната на 180 степени.
- Исечете ги парчињата леб на парчиња, наредете ги во тавче. Попрскајте ги со стопениот маргарин.
- Јајцата со шеќерот и ванилата со миксер изработете ги како за пандишпан, додадете го млекото, измешајте. Овде можете да додадете циметот или од после да посолите.
- Залијте ги парчињата леб и нека постојат малку за да впијат од смесата.
- Ставете во рерна да се печи околу 40 мин. или проверете со чепкалка, а може и со нож. Кога ќе излезе суво, тогаш е печено и извадете.
Нека олади, посипете со прав шеќер и послужете. Особено е вкусно кога во фрижидер е добро оладено.
Забелешка
-Ќе забележите од фотографијата, јас денес имав кроасани, во тавче број 24 исеков 5 кроасани и тоа што фино се погодиле со мармалад од кајсии, ги исеков и наредив, постапив се како што е по рецептот, одозгора ставив и суво грозје. Имав заостанато од цимет ролните половина кеса од Ванила пудинг, во јајцата и млекото го додадов и него (да не ми смета така половинка оставен и си правев експиримент) ги залив кроасаните. Додека се печеа ми се чинеше дека од тавчето ќе излезат, но откако се олади ти се слегнаа, така треба и да биди.
Бидејки беа со мармалад, ова беше навистина вкусно. Морам да признаам дека повкусно од бајатиот леб на кој многу пати знаев да ставам и некој џем, па потоа заливав со смесата. За вакви попари милион и некој рецепт има. Само вие творете и доградувајте го овој рецепт кој погоре како што е запишан е оригиналниот.