Испечати

Чоколадни коцки со оризови снегулки

Чоколадни коцки со оризови снегулки

Состојки

  • 2 јајца
  • 300 гр шеќер + 1 ванилин шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 150 гр чоколадо
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр оризови снегулки
  • глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лаж. масло

Подготовка

Јајцата и шеќерот ставете ги во тенџере на среден оган и мешајте додека шеќерот не се растопи.
Тргнете го садот од оган и додадете ги маргаринот и чоколадото на на коцки.
Мешајте за убаво да се растопат, па додадете ги бисквитите и оризовите снегулки.
Во намастена тава (не поголема од 20х30) или обложена со најлон фолија убаво израмнете ја смесата и оставете да се стегни, па премачкајте ја одозгора со растопеното чоколадо. Сечете на коцки.

*** Ги знаете оние моменти кога правите нешто тајмирано и баш во тој момент некој хитно и неодложно ве вика? Е така беше и со моево колаче. Смесата морав да ја оставам и покасно ја распоредував во плехот, па како што се гледа и на сликата дојде малку сува.
** Уште една работа која придонесе на сувоста беше тоа што јас малку подолго ги држев јајцата со шеќерот на оган и на истиот чекав да се растопат чоколадото и маргаринот.
* Совет за секој случај *_* 
Не ги додавајте одеднаш сите мелени бисквити, можно е како кај мојот случај сепак да требаат малку помалку од наведената количина.