Испечати

Пица кашкавал

Пица кашкавал

Состојки

  • по потреба кашкавал
  • по потреба сувомеснат производ по ваш избор, фета сирење, кечап, корнишони, оригано, маринирани шампињони

Подготовка

Ова повеќе како идеја...
Нема мерки, количините зависат според модлата која ке ја изберете
 
- Во модлата која сте ја избрале ставете хартија за печење,
- Кашкавалот, сирењето и сувомеснатото исечете го тенко.
- Корнишоните исто така исечете ги на ленти или коцки - одберете вие формата.
- Редете во модлата почнувајки со кашкавал, па останатите состојки кои вие можете да си ги одберете според вашиот вкус и кои си одговараат на вкусовите, можете да ставите и кечап за да го добиете пица кашкавалот, помегу редовите мора да ставите пак кашкавал и завршувате со последниот ред повторно кашкавал.
- Ставете во рерна колку да се стопи кашкавалот, извадете и оставете да олади.
- Извадете од модлата и сечете..
Одлично мезе, се во едно.
Состојките ги напишав како сум правела јас, ставав помегу редовите и кечап, посипував со оригано, па така си го нареков и пица кашкавал бидејки тој вкус го има, а вие навистина можете сами да си ги одберете, затоа велам дека е ова антирецепт - служи повеќе како идеја.