Испечати

Крцкави крекери со просо

Крцкави крекери со просо

Состојки

  • 100 гр. просо
  • 200 гр. брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 75 гр. маргарин или путер
  • 140 мл. млеко
  • 1 полна лажица мед

Подготовка

Малку поинакви крекери - просени,
 
- Половина од просото сомелете го во брашно
- Измешајте го добиеното брашно со целото зрно просо, додајте го пченичното брашно и солта - измешајте.
- Додадете го маргаринот или путерот и измешајте добро - треба да се направи трошки.
- Загрејте го млекото толку колку што е потребно да кога ќе го додадете медот во него да може да се стопи - значи не да е врело, млако да биди млекото.
- Додадете го млекото со стопениот мед во брашното, замесете тесто.
- На побрашнета површина расукајте не многу текна кора и сечете ги во форма која вие ја сакате. Наредете во ростерот и не е потребно никакво додатно намрснување.
- Избоцкајте ги на неколку места со вилушка или чачкалица.
- Печете во предходно загреана рерна на 180 степени околу 10 мин., извадете ги - преобрнети ги и продолжете да ги печете уште толку време како предхдно.
Нека оладат и дури тогаш ќе им го сетите вкусот.
Грицката е одлична.

Забелешка
- Ако сте го прегреале млекото кога ќе го замесите тестото ќе ви се чини доста меко, оставете го на кратко во фрижидер, тогаш е податливо за работа. Не заборавајте да ја побрашнете работната површина.
- Во оригинал рецептот пишува да се печат превртени уште 10-15 мин. но јас бидејки ги печев во ростерот, доволно беше само да ги превртам, продолжив да ги печам уште 5 мин. , ги извадив и уште 5 мин. одлежаа во ростерот и се така допекоа.
- Се чудев првиот пат зошто треба да се првртуваат овие крекери, си мислев дека еднакво ќе се печат како од долната страна - така и од горната, но не е така, навистина си било потребно превртувањето, па затоа и вие не чудете се, така треба да биди.