Испечати

Милка торта

Милка торта

Состојки

  • За тестото*
  • 21 белка
  • 300 гр. шеќер
  • 300 гр. лешници
  • 3 лажици брашно
  • За кремот*
  • 21 жолчка
  • 3 пудинга од ванила
  • 1 л. млеко
  • 100 гр. шеќер
  • 300 гр. милка чоколадо со лешници
  • 300 гр. милка бело чоколадо
  • 250 гр. маргарин
  • 2 шлаг пени
  • 100 мл. млеко
  • 6 лажици брашно

Подготовка

Се двојат 7 белки и се матат во цврст снег, а потоа постепено се додава 100 гр. шеќер. Се мелат 100 гр.лешници претходно потпечени, се додава 1 лажица брашно и лесно се меша со матените белки.
На ист начин се подготвуваат и другите две теста.
Смесата се излива во калап за торта бр.28 покриен со хартија за печење и се пече во претходно загреана рерна на 180 Ц. 20 мин.
Истата постапка се повторува и со другите две теста.

Подготовка на кремот
Сите жолчки, пудингот и брашното се промешуваат. Ако смесата е густа по потреба се додава малку млеко. Преостанатото млеко и шеќерот се варат и се тргат од оган. Се додава смесата со жолчките и пудингот, се враќа на оган кратко се заедно да се свари со постојано мешање за да не загори. Веднаш во жешкиот крем се додава маргаринот и се мати убаво се заедно.
Кремот се остава добро да се олади и внатре му се додаваат претходно изматени 2 шлаг креми со 100 мл. млеко. Оваа смеса се дели на два дела и во едниот дел се става стопено на пареа Милка црно чоколадо со лешници, а во другиот дел исто растопено на пареа Милка бело чоколадо. Вака подготвените две креми треба добро да се изладат пред да се нанесат на тестата.

Ја земаме првата кора и врз неа нанесуваме половината од белиот фил. Потоа го земаме другото тесто и нанесуваме половина од црниот фил. На крај ја ставаме и последната кора и врз неа ја ставаме другата половина од белиот фил, а целата торта од страната ја премачкуваме со црниот фил. Одозгора може да се украси со стопено чоколадо, лешници или друго според ваша желба.