Испечати

Торта руска салата

Торта руска салата

Состојки

  • 12 белки
  • 6 жолчки
  • 6 лажици мелени ореви
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 12 лажици шеќер
  • фил
  • 750мл млеко
  • 6 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 2 ванили
  • 250гр маргарин
  • 250гр шеќер во прав
  • 100гр сецкано суво грозје
  • 100гр сецкани желе бонбони
  • 100гр сецкани ореви
  • 100гр сецкани урми

Подготовка

Белките се матат во цврст снег, жолчките се матат со шеќерот,  а потоа им се додаваат оревите, брашното измешано со пецивото и на крај полека со лажица се додаваа снегот од белки. Целата смеса лесно се промешува со лажица и се пече на 180 степени околу 25 минути.
Одкако ќе се испече тортата се сече на три дела по висина .

Фил
Се вари крем од млекото, жолчките и брашното додека се згусне. На крај им се додава и ванилата и се остава да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав додека стане кремаст.
Се соединуваат кремот и маргаринот и убаво се мати додека се добие убав мазен крем. Кон кремот се додава сецканото суво овошје и со лажица се промешува.
Секоја кора се попрскува со шербет,  а потоа со фил. Декорацијата по своја замисла.
Ова е една од најстарите торти во мојата тетратка и одамна ја немав правено. Сликите се од роденденски торти затоа го нема пресекот, но ќе поставам слика автентична на името.
Округлата торта е од оваа доза,  а таа во плехот од дозаипол.