Испечати

Декоративна солена сластица

Декоративна солена сластица

Состојки

  • продукти
  • 200гр. кашкавал
  • 3 јајца варени
  • 6 парчиња шунка
  • 200мл. вода
  • 1 коцка за супа
  • 1 кесе желатин

Подготовка

Во погоден калап кој не лепи ги ставаме листовите кашкавал така да се наредени еден до друг малку да се допираат со рабовите, го обложуваме и дното и страниците на калапот, по должина во средината ставаме тврдо варени половинки од јајца, лево и десно од нив редиме заролана шунка по должина на калапот (јас во средина на шунката ставив кашкавал).
Во врелата вода се става коцката да се истопи, желатинот се топи по упатство, па се става во стопената коцка, се прелива преку ролатот, да ги покрие состојките, најгоре се затвора пак со листови кашкавал, се остава во фрижидер да зацврсни, после се превртува од калапот и се сечи, декорирање по избор...