Испечати

Маршмелоу чоколадни коцки

Маршмелоу чоколадни коцки

Состојки

  • За основата
  • 200 гр. бонбони - Marshmallows
  • 1 лажица вода
  • 90 гр. маргарин
  • 200 гр. чоколадо
  • 125 гр. бискоти
  • 1/2 чаша кандирано овошје или желе бомбони
  • 1 чаша мешавина на јаткасто овошје, - орев, индиски орев, лешник,
  • Чоколадна глазура
  • 200 гр. чоколадо за готвење - црна или бела
  • 60 гр маргарин

Подготовка

Ова кога заостанат од бомбоните  маршмелоу, за да не се најдат во канта може за промена и вака да се искористат
Припрема
- Најпрвин исецкајте ги чоколадата, јатките, кандираното овошје или желе бомбоните, искршете ги бискотите.
- Бомбоните, маргаринот и водата, над пареа нека се стопат.
- Во смесата од стопените бомбони додадете го иситнетото чоколадо и мешајте брзо да се чоколадото стопи, додадете ги останатите состојки и бргу измешајте ги да се спојат.
- Смесата истресете ја во веќе спремен калап постелен со хартија за печење (два мали калапи со димензии 8х26 или еден калап со димензии 25х216). Оставете во фрижидерот да се стисне - да олади.
- После 1-2 часа извадете го од фрижидерот калапот и прелијте со глазурата која сте ја спремиле така што над пареа ќе стопите чоколадата и маргаринот. Оставете повторно да се стегни.

Забелешка
-Намерно не напишав од која чоколада, значи ова може да го правите и со бела и со црна чоколада.
-Рецептот е погоден за да се искористат нештата од состојките од кои по малку останало, да се соберат на едно место.
- Кога ќе ја исипувате смесата во калапот, таа ке се растега и немој да ве нервира, лесно ќе се справите, немој да помислите дека сте згрешиле нешто- смесата е леплива од самите топени бонбони...