Кокосови кекси
Состојки
- 150 гр кокос
- 150гр маргарин
- 1 јајце +1жолчка
- 1 пециво
- 250гр брашно
- фил
- 200гр мармалад
- 100гр бела околада за готвење
- 100гр кокос за макање
Подготовка
Се замесува тесто од состојките и се остава во фрижидер околу 20 минути. На маса се сука кора и со помош на ребраст нож или калап се ваѓаат колачи - лентички со ширина околу 1 см и должина околу 5см.
Така исечените кекси се редат во плех на хартија и се печат 10-12 минути на 170степени.
Оладени се спојуваат со мармалад, па краевите им се макнуваат во растопена чоколада и кокос.
Овие кекси може да се служат и неспоени и така се меки од кокосот.