Испечати

Пијани мини крофни со мед

Пијани мини крофни со мед

Состојки

  • 17 лажици брашно
  • 2 јајца
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 200 гр млеко
  • 1 ракиена чашка ракија (50 гр)
  • 500 гр зејтин за пржење на крофничките
  • 2-3 лажици мед (за натопување на крофните )

Подготовка

Мини крофничките се омилени во мојот дом.
Некогаш во вид на топчиња, некогаш вадени со калап, како и да е вкусот им е фантастичен.
Со миксер ги матиме двете јајца и додаваме брашно.
Матиме убаво додавајќи ги пецивото, ванилата и млекото.
Откако смесата е изедначена ја додаваме чашката ракија.
Додека ја подготвуваме смесата за крофните, на оган ја ставаме тавата во која ќе ги пржиме крофните.
Додаваме масло во тавата и чекаме да се вжешти маслото, доволно за пржење на крофничките.
Откако маслото е вжештено, земаме од смесата со мало лажиче. Лажичето го полниме до половина и ставаме по тавата да се пржат мини крофничките.
Значи по пола лажиче пополека ставаме на едно место и се формираат мали топчиња кои бргу растат во маслото.
Некогаш ги превтуваме, но заради тоа што се мали летаат сами во маслото и сами се превртуваат пржејќи се.
Ги вадам на хартија за да упие мрсното во хартијата, да не бидат многу мрснички.
Откако ги испржив крофните на страна во длабоко садче стопив 2-3 лажици мед.
Медот стана течен и го тргнав од оганот.
Со чепкалка или пак со некоја буцкалка ги фатив мини крофничките и ги потопив во растопениот мед.
Така пијаните мини крофни, ги наредив во чинија за сервирање.
Сите, една по една се намачкаа од медот и ги оставив десетина минути да постојат, па ги послужив за јадење.
Кога малку ќе истинат стануваат како кристални топчиња од медот.
(Јас половина крофнички ги направив на овој начин, а половина ги правев со калапче. Го префрлив тестото во калапот и пуштав по малку во маслото да се пржи. Овие вторите што ги правев со калапчето ги попрскав со прав шеќер по вкус и им прелеав чоколаден прелив.)
На здравје