Сендвич сладолед (декорација)
Состојки
- 2 паковања сладолед во прав
- 24 броја бискоти
- малку млеко
- по ваш избор овошје
Подготовка
Веси предложи, јас направив. Пробајте и вие
- Купете две пакувања сладолед во прав и изматете ги према самото упатство на паковањето - изборот на вкусот е ваш сопствен
- Сад - плекче во големина од 30х20 постелете го со стреч фолија, хартија за печење или алу-фолија.
- Во малку млеко потопувајте ги бискотите и редете ги по дното од садот така што лицето на бискотата да биде одоздола. Откако сте наредилие бискотите, ставете од сладоледот.
- Врз сладоледот наредете повторно бискотите потопени за кратко во млекото со лицето нагоре, ставете во замрзнувачот.
- За служењето извадете го сладоледот од тавчето, превртете го, извадете ја фолијата, служете,
Да ви е освежувачко слаткоооооо......
Забелешка
- Ако одлучите да ставете овошје, тогаш и сладоледот ќе го бират спрема вкусот на овошјето.
- јас ставав јагоди и затоа спремав од сладолед со вкус на ванила и јагода...
Комбинации вакви милион ...