Испечати

Ролат од спанаќ

Ролат од спанаќ

Состојки

  • За кора
  • 6 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици млеко
  • по вкус сол
  • 500гр. спанаќ
  • За фил
  • 250гр. урда
  • 150гр. шунка
  • За од горе
  • 3 лажици урда
  • 2 лажици павлака

Подготовка

Сезона на спанаќ па да се искористи максимално. Инаку рецептот прв пат го правам, па затоа правев половина доза (за кората), а филот е по желба (да напоменам количините наведени за филот се доволни за половина доза од кората).
1. Ги двоите жолчките од белките. Ги матите убаво жолчките со малку сол, а потоа ги додавате млекото и водата. Матите уште малку, па го додавате и брашното измешано со пецивото. Спанаќот исечкајте го и малку продинстајте го, а потоа додадете кон смесата со жолчките и убаво измешајте со лажица да се изедначи. Посолете по вкус.
2. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег, а потоа со лопатка додадете во садот со спанаќот и измешајте убаво. Мешајте од доле кон горе побавно за да се зачува воздушестиот изглед од белките.
3. Ставете во намрсен и набрашнет плех, израмнете убаво и ставете да се пече во загреана рерна на 180С. Печете 15-20 мин, но проверувајте си.
4. Кога ќе биде готова кората оставете малку да се излади, а потоа префрлете ја на мокра крпа и заедно со крпата полека свиткајте во ролат. Оставете ја така да се излади скоро до крај.
5. Шунката ситно ја сецкате и ја мешате со урдата. Кората се одвиткува од крпата, се филува и потоа повторно се витка во ролат.
За од горе, урдата и павлакат ги мешате убаво да се добие убава смеса и премачкувате. Филот и премачкувањето се по желба, што највеќе ви се допаѓа тоа.
Лесно, брзо, декоративно и го снемува за миг.

Добар апетит.