Јагнешка чкембе чорбичка
Состојки
- 500гр мешавина од кормушки (чкембе) и цревца јагнешки
- 2 литри вода
- 1 лажица мешан зачин
- 100 гр зејтин
- 1 јајце
- 2 лажици брашно
- 1 лажица оцет
- 1 гранче магдонос
Подготовка
Пред да почнеме да го подготвуваме овој рецепт потребно ни е да ги исечкаме кормушките и цревцата на ситни парченца. Ги вриеме 2 пати и им ја исфрламе водата. Додаваме 2 литри вода и оставаме да се сварат. Кога се варени, продолжуваме со подготовка на запршката. Во малку масло го запржуваме брашното. Кога брашното е прженко го претураме во садот кај кормушките. Промешуваме и додаваме сол по вкус. Оставаме да врие околу 5 минути и го поместуваме садот од оганот.
На страна матиме едно јајце со оцет и пополека ја префрламе матената смеса во садот. Со едната рака ставаме од смесата, а со другата рака матиме во садот да не остане јајцето во големи парченца, туку да се раскине на ситни делови. Зачинуваме со мелен црн бибер и ситно сецкан магдонос. На здравје.