Француски лебдечки остров ИЛЕ ФЛОТТАНТЕ
Состојки
- За кремот
- 3 жолчки
- 50гр. шеќер
- 250мл млеко
- За белката
- 3 белки
- 50гр. шеќер
Подготовка
Може досадна сум со француските рецепти, ама живеам во Франција и не можам да им одолеам =)
Најпрво го подготвуваме кремот
Во подлабок сад ги ставаме жолчките и шеќерот и ги матиме убаво со жица за матење. Во исто време во тенџере на оган го ставаме млекото со ванилата да зоврие, кога ќе зоврие го оставаме да олади малку и кога ќе биде млако додаваме малку во жолчките и матиме и смесата со жолчкике ја додаваме во млекото и ги ставаме на тивок оган и матиме цело време за да не ни се направат грутки.
Кога ќе се вчести ама не многу се става во друг сад за да се излади, никако не го оставајте во истиот инаку ќе продолжи да се вчестува.
Белките и шеќерот изматете ги убаво со миксер и кога ќе бидат ептен тврди ставете ги во сад кој оди во микробранова и ставете ги на 450 вати околу 30 секунди, не треба да се многу испечени .
На крај во мали тацни за сладолед ставете ги белките, потоа од страните ставете го кремот (тука овој крем го викаат англиски крем) и на крај полијте со карамел крем (не знам дали има кај нас, ако нема додате си малку повеке шеќер во кремот и така е убаво).