Реденик со мелено
Состојки
- состојки..
- 500гр. мелено месо
- 2 живи јајца
- 2 главици кромид
- 200гр. ориз
- 300гр. печурки
- 200гр. кашкавал
- 1 коцка за супа
- 4 тврдо варени јајца
- 1киска магдонос
- 500гр. вода,црн пипер,масло
Подготовка
После велигденските празнувања ова е најчесто ручекот кој го приготвувам од остатокот варени јајца, па и не ќе е така лоша идејата, но да одиме со подготовката.
Меленото се зачинува со 2 живи јајца, се сечка кромидот, се зачинува, на кратко се пропржува на оган само да ја промени бојата.
Во водата-врела се додава коцката за супа и се остава да се раствори-неа ќе ја употребиме подоцна. Оризот се мие, се цеди па се вари на тивко во поголема количина вода -да не се распадни, кашкавалот се ренда на крупно, печурките се отсолуваат во 2-3 води, магдоносот се сечка, а варените јајца на тркалца се сечат.
Во огноотпорен сад, се става малку масло да се премачка цела внатрешност, се става половина од меленото, над неговарениот ориз, ред печурки, после кашкавалот, магдонос, следуваат јајцата варени, над нив уште половината од мелено, уште малку кашкавал и магдонос, 1 чаша од водата со стопена коцка за супа, се печи на 180 со покриен капак15 мин. после уште малку се допекува отворено.